Специјалист за аквизиција и документација

Company: EuroTeleSites AG

Role summary

Специјалист за аквизиција и документација is a full-time role at EuroTeleSites AG in North Macedonia (hybrid). Posted 2026-08-31. Experience level: 2-5.

Job title
Специјалист за аквизиција и документација
Company
EuroTeleSites AG
Location
North Macedonia
Work arrangement
hybrid
Employment type
full-time
Category
Software Engineering
Experience level
2-5
Date posted
2026-08-31

This is a great opportunity to join a growing company and play a key role in acquiring and documenting important assets. You'll gain valuable experience in a permanent position with a supportive team.

Job description

Координирање на активности поврзани со аквизиција, документација и легализација на инфраструктурни објекти.

Универзитетска диплома од областа на инженерство, право или архитектура.

Најмалку 2 години работно искуство во

-преговарање договори;

-примена на релевантни закони;

-релевантни правни постапки поврзани со аквизиција и легализација на локации..

Изразени аналитички и преговарачки способности.

Одлично и ажурирано познавање на применливите закони, подзаконски акти и оперативни процедури поврзани со инфраструктурни објекти и локации.

Познавање на сопственичко-правните односи, катастарските постапки и документацијата поврзана со недвижен имот.

Познавање на постапките за добивање дозволи и одобренија, како и постапките за легализација на инфраструктурни објекти.

Одлични комуникациски и координативни способности.

Течно познавање на англиски јазик, и писмено и усно.

Познавање и користење на MS Office.

Способност за решавање проблеми.

Проактивна, иницијативна и љубезна личност.

Одговорност за аквизиција на нови локации, согласно плановите, стратегијата и буџетот на компанијата.

Преговарање со сопственици/закуподавачи за склучување договори за аквизиција на нови локации за поставување опрема на компанијата, со цел да се обезбеди дека нема зголемување на трошоците и закупнините за локациите.

Следење на договорите и преговарање за нивно продолжување или изменување за постојните локации, вклучително и постапување по евентуални барања од сопствениците во текот на користењето на локацијата.

Координирање/олеснување на сите активности со релевантните државни органи — општински, локални и/или државни институции — и со надворешни компании во процесите на легализација на нови/постојни локации и линиска инфраструктура.

Координирање на процесите со ангажираните подизведувачи за наведените активности.Следење на македонското законодавство поврзано со аквизицијата и легализацијата на локации и информирање на релевантните оддели во компанијата за сите законски измени што влијаат врз работењето на компанијата.

Одговорност за воспоставување нови и ревидирање на постојните процедури во компанијата, со цел обезбедување ефикасност при аквизицијата и легализацијата на локациите.

Активно учество во владини иницијативи поврзани со измени на законската регулатива.

Извршување на сите други работни/деловни задачи побарани од директниот претпоставен, кога е потребно.

Спроведување и/или координирање на проверката на правниот статус и статусот на сопственост на потенцијалните локации пред склучување на договор.

Проверување на комплетноста и валидноста на документацијата поврзана со сопственоста, користењето и легализацијата на локациите.

Соработка со Правниот, Финансискиот, Техничкиот и другите релевантни оддели со цел навремено и координирано извршување на активностите.

Следење и координирање на катастарски и други административни постапки поврзани со локациите и инфраструктурните објекти.

Индикатори за успешност Број на успешно договорени/преговарани нови договори.

Број на повторно преговарани договори без зголемување на закупнината.

Процент на легализирани локации.

Просечно време потребно за документација и легализација на RT & GF локации.

Опрема Стандардна канцелариска опрема.

Службено возило кога е потребно за посета на локации на компанијата..

Посебни услови за работа Работа на терен, кога тоа е потребно.

Користење на корпоративни системи и алатки, како што се OneSAP, Ivalua, SiteTracker и други.

Apply for Специјалист за аквизиција и документација at EuroTeleSites AG

More software engineering jobs nearby